Crnogorski Masoni na sredba vo privatna vila blizu Danilovgrad...
Crnogorskata profesorka na ekonomskiot fakultet vo Podgorica, inace edna od najgolemite kriticari na vlasta vo Crna Gora na svojot profil na FaceBook ja objavi fotografijata na koja se gledaat mnogu ugledni crnogorski gragjani i politicari kako Miodrag Vukovic, Zoran Jelic, Predrag Drecun, Slobodan Marunovic, kako i gosti od nekolku stranski masonski lozi, site obleceni vo prepoznatlivite masonski nametki i beli rakavici. Sredbata se odrzala vo privatna vila vo Spuz, blisku do Danilovgrad. Profesorkata napisala kratok komentar: Eve ja vetenata fotografija - Misli globalno, raboti lokalno!
Apple iPhone 4s е најновиот револуционерно-паметен телефон...
Иако се очекуваше да биде претставен сосема нов концепт и платформа како iPhone 5, Apple сепак на својата конференција го претстави подобрениот iPhone 4s, повторувајки ја стратегијата од времето на 3Gs. Базиран е на истата школка од својот постар брат iPhone 4, но со неколку подобрувања како нов A5 двојадрен процесор Cortex-A9 и графички подсистем PowerVR SGX543MP2 кој е седумпати побрз од претходниот. Исто така има фантастичен фото апарат со 9Mpix и широк агол од само f/2.4, видео камера со можност за снимање во HD резолуција со 1080p квалитет и стабилизација на сликата, како и најбрзо време до сликање на првата фотографија за само 1.1 секунда од уклучување и само 0.5 секунди до следната. Исто така 26% подобрена осветленост на субјектите, како и детекција на лице. Зголемена е брзината на комуникација на 14.4MB/s и зголемена е економијата на батеријата на дури 14 часа разгoвор. НО СЕПАК сето тоа е маргинално во споредба со револуционерниот гласовен интерфејс со вештачка интелегенција, преку кој можете да го командувате телефонот и да добивате од него различни информации во форма на разговор кој највеќе наликува на антологискиот Hall 9000 од Одисеја 2001, кој касни околу 10 години и во оваа 2011 се вика Siri. Преку нејзе можете во форма на разговор (Англиски, Француски и Германски) да повикате некого, внесете и испратите кратка порака, да се информирате за временската прогноза или вести, да добиете информација од енциклопедија за непознат поим, да закажувате состаноци или аларми итн... Она што е исто новост е дека со истиот тип на уред ке можете конечно да функционирате на двете мрежи GSM(Европската) и CDMA(Американската), со подобрено фунционирање во двете поради новата можност за префрлање од една антена за прием на друга за предавање - симултано. За повеќе информации кликнете на следниве линкови:
1. Логирајте се на FaceBook
2. Кликнете на следнава адреса: http://developers.facebook.com/apps
3. Потврдете ја дозволата за пристап кон вашите информации и внесете повторно лозинка доколку ви се бара
4. Кликнете горе десно на опцијата за креирање нова апликација (Create New App)
5. Внесете име и специфично име на апликацијата на пример Najnov Izgled / fbnajnov или нешто слично (мора да биде најмалку 7 карактери, само мали букви, црта и/или долна црта.
Штиклирајте ја опцијата дека се согласувате со условите на платформата.
6. Внесете ги зборовите за CAPTCHA препознавањето и притиснете SUBMIT
7. Од левиот изборник кликнете на Open Graph
8. Во двете полиња внесете каков било опис, на пример: Dobijte / najnov profil, и кликете на Get Started
9. На следните 3 екрани, одете најдоле и бирајте ја стално опцијата за зачувување на промените (Save changes and next)
10. На крај нема да имате веќе опција за Save… па исклучете го прозорецот, причекајте некое време и повторно стартувајте го FaceBook, на понудениот нов TIMELINE изглед одговорете потврдно… et voila: вашиот нов профил -)
Skype со првиот посериозен проблем одкако е под Microsoft...
Доколку по падот на Skype денес искусувате проблеми во неговата работа, еве неколку чекори што можат да го подсредат проблемот, барем до официјалната закрпа од MS Skype. Исклучете го Skype комплетно. Притиснете на тастатурата Windows копче + R (или со глувчето Start на таскбар па опција Run) во празното поле впишете %appdata% па кликнете Enter(или со глувчето OK). Во прозорот што ке се отвори со податоци за апликациите пронајдете го Skype и кликнете на него(еднаш или двапати во зависност од вашите поставки) и во новиот прозор кликнете на shared.xml и потоа на тастатурата Delete(или со глувче десно копче на фајлот па Delete во изборот) и на крај OK! Рестартирајте го Skype и се ќе биде во ред -)
Skype се продава на Microsoft за точно 8.5 милијарди долари...
По гласините кои се појавија низ мрежата последнава недела, се поизвесно станува дека по народната `Двајца се караат - третиот користи`, додека Facebook и Google се натпреваруваа за тоа кој ќе даде подобра понуда за да го купи најголемиот сервис за онлајн телефонија Skype, гигантот од Редмонд, Microsoft со понуда од 8,500,000,000(милијарди) USD ги освои симпатиите на бордот. Се верува дека Microsoft со ова сака да ја зголеми онлајн вредноста на својот бренд, заокружувајки целина од клауд офис пакет, систем за пребарување, пораки, четување и разговор. Од друга страна постои мислење дека ќе сака да го интегрира во својот ОС за паметни мобилни телефони, што изгледа помалку веројатно, зошто така би си ја сечел гранката на која седи и не би бил нуден од големите телефонски оператори кои живеат од наплатата на импулси. Наше мислење е дека Skype разговорите ќе се појават сепак како услуга набрзо на Facebook, по интегрирањето на Bing пребарување и мапите од пред некое време, но времето ќе покаже. Се надеваме само дека сервисот нема да биде угушен под новото водство, само за да не стаса во рацете на конкуренцијата...
LG D41P и D42P се новите 3D пасивни компјутерски монитори...
Денес LG ги представи своите нови монитори D41P(21.5inch/55cm) и D42P(25inch/64cm) базирани на нивната последна Cinema-3D технологија која за разлика од останатите технологии кои го намалуваат квалитетот на сликата поради стереоскопските активни наочари, користи пасивни поларизирани наочари и специјален слој на површината на екранот за добивање на Full HD 1080p слика без треперење. Ова дава многу по јасна и светла слика за прекрасен 3D приказ на филмовите и анимацијата, но исто така нудат и опција за 2D->3D конверзија така ќе можете да уживате во 3D приказот на Facebook, CityWille или Excel на пример -) Одзивот на мониторите е 5ms, резолуцијата 1920x1080 и имаат VGA и HDMI порти. За повеќе информации кликнете на следниве линкови:
SONY S1 и S2 представени новите таблети со Android 3.0...
На претставувањето за печат во Токио представени се два таблет компјутери со Android 3.0. Поголемиот S1 е 9.4 инчен(~24cm) медија таблет базиран на Tegra 2 процесорот со 32GB SSD, задна камера за снимање фотографии и видео и предна за видео конференција, како и контрола на Аудио/Видео уреди преку вградениот IR. Вториот уред е покомпактен, преклоплив со два екрана од по 5.5 инчи(~14cm) кои можат да се користат во различни ситуации на пр: да се куца во хоризонтала на тастатурата на долниот додека се гледа пораката на горниот, да се контолираат вебстрани или мултимедијални содржини, играат PS игри... Главниот адут на овој модел е преклопувањето во минимална димензија и неговото носење во внатрешниот џеб од сакото или јакната -) За повеќе информации кликнете на следниов линк:
Acer Iconia W500 10` таблет со windows 7 и тастатура со држач...
Во Америка и Англија започнува испораката на Acer W500 таблетот со Windows 7, наменет за корисници кои сакаат да читаат меил или фејсбук на таблет, но потребна им е Windows платформата за работа со програми за својот бизнис или училиште. Големината на екранот е 10.1` или ~26cm, што е сосема доволно за преглед и работа на документи, табели, следење на мултимедијални презентации, па дури и следење на HD-Video материјали. Јадрото на таблетот е конципирано околу новиот AMD Ontario C50 процесор со моќна ATI Radeon HD6250 графичка карта, 2GB рам меморија и 32GB SSD тврд диск за складирање. Проширување на меморијата може да се направи преку вградениот читач на картички. Посебно интересна е можноста за приклучување на докинг тастатура со трекпоинт курсор, која го претвара целиот склоп во функционален NetBook и додава уште неколку портови како мрежен LAN, USB конектор за приклучување на некој USB уред за проширување како 3G-USB модем или додатна USB-Flash меморија. Вградени се и задна камера за снимање видео или фоттографии, како и предна камера за видео конференција. Видео материјалот, сликите или презентациите од него може да се следат и на голем HD екран преку вградениот HDMI излез. За повеќе информации кликнете на следниов линк:
Seagate ја купи Samsung HDD дивизијата за 1.375 милијарди US$...
Со најновата спогодба меѓу двата гиганти, целата дивизија за производство на хард дискови на Samsung се продава на Seagate за 1,375 милијарди US$ во кеш и акции, со што Samsung ќе поседува приближно 9 од Seagate и ќе назначи свој член во неговиот борд на директори. Соработката се продлабочува во тоа што Samsung ќе ги снабдува SSD дисковите на Seagate со свои мемориски чипови, а Seagate ќе го снабдува Samsung со готови хард дискови за сите PC/Laptop/Tablet компјутери. Повеќе на:
MSI WindPad 100W 10` таблет со windows 7 достапен за нарачка... Конечно во Македонија пристигна квалитетен таблет од познат производител со Windows 7, наменет за професионалците чиви апликации работат на Microsoft платформата. Големината на екранот е 10.1` или ~26cm, што е сосема доволно за преглед и работа на документи, табели, следење на мултимедијални презентации, па дури и следење на HD-Video материјали. Хардверските компоненти не се ништо по-различни од класичен нетбук компјутер. Intel процесор спарен со 2GB рам меморија и 32GB SSD тврд диск се сосема доволни. Проширување на меморијата може да се направи преку вградениот читач на картички. Од конектори има и USB конектор за приклучување на тастатура и глувче за десктоп работа или некој USB уред за проширување како 3G-USB модем или додатна USB-Flash меморија. Вградениот GPS-A ќе ви помогне доколку го користите таблетот за ориентација или наведување. Вградени се и задна камера за снимање видео или фоттографии, како и предна камера за видео конференција. Видео материјалот, сликите или презентациите од него може да се следат и на голем HD екран преку вградениот HDMI излез. За повеќе информации кликнете на следниов линк:
AMD Ati Radeon 6990 е најбрзата сингл графичка карта на свет... AMD(Ati) денес ја представи најбрзата на свет сингл графичка карта Radeon HD6990 со резултат од скоро 12,000 поени во 3D Mark11, базирана на 2та генерација DirectX11 со HD3D способност за прикажување на тро-димензионални содржини, Eyfinity приказот на до 5 екрани и EyeSpped подобрувањето на квалитетот на видео материјали. Мали замерки на вентилаторот кој знае да биде и бучен при поголемо оптеретување, но со право поради огромните 375W термичка излезна снага. Цената се очекува да биде околу 40,000 ден. Спецификација:
Apple iPAD 2 е конечно представен со сите свои подобрувања... На CeBit 11, Apple денес официјално го представи подобрениот нов таблет iPAD 2. Со двојно побрз процесор, 10пати побрза графичка, побрза поврзливост, задна HD720p видео камера или фотоапарат со 5x зум, предна камера за видео конференција, во многу потенко и полесно куќиште, и со нова иновативна покривка која ќе служи како заштита, подпирач итн...Спецификација:
Apple iPad 2: DualCore Apple A5 1GHz, 16GB~64GB, Wifi N, BlueTooth 2.1, 3G, 9.7`IPS(1024x768) Capacitive MultiTouch, 720p HD PhotoCamera back, VideoCall Camera front, Gyroscope, Accelerometer, 8.8mm, 601g...
Fujitsu Q550 е новиот таблет што е представен на CeBit11... На CeBit 11, Fujitsu од денес официјално го промовираше за Европскиот пазар својот стилски таблет Q550. Како што напомнавме посебен акцент е даден на дизајнот, како и на корпоративната сигурност преку активна заштита и енкрипција на податоците. Таблетот е базиран на Intel/Windows7 платформа која очигледно е потребна за задоволување на професионалните бизнис ориентирани коминтенти. Сo продажба одпочнува од 1ви Март во Европа по цена од 700EUR, го очекуваме кај нас при крај на месецов со цена од 39,990 ден. Спецификација:
MSI WindPad се новите таблети кои ќе се представат на CeBit11... На предстојниот CeBit 11, MSI ќе ги представи своите нови теблети. Досега веќе го представи својот првемец на саемот CES11 кој беше класичен Нетбук без тастатура :-), но сега ќе се потруди да го покрие целиот обсег од двојадрен nVidia Tegra со Android 3.0 до најновиот AMD базиран на Бразос ниско потрошната серија процесори со вградена ATI графика и Windows 7 HP. Спецификации за моделите:
Microsoft ја објави сервисната надградба за Windows 7 Заради подобрување на целата работа на системот, закрпување на сервисните дупки, како и убрзување на повеќе модули, MicroSoft го објави сервисниот пакет 1 за Windows 7. Доколку имате Windows 7 оперативен систем би требало автоматски да ви понуди надградба со Сервисен Пакет надградби 1 (ServicePack 1), но доколку не добиете нотификација можете да го спуштите директно преку следниот линк:
Samsung Galaxy Tab 2 е новиот 8.9 инчен таблет кој ќе се појави летово... Како што беше најавено уште со појавувањето на првиот таблет, следува нов модел кој ќе има зголемен 8,9`(23cm) екран на допир, подобрени перфоманси поради новиот двојадрен процесор и зголемената количина меморија. Истотака ќе бидат применети полесни материјали, како би се намалила тежината поради целокупното зголемување на површината на таблетот. Оперативниот систем ќе биде новиот Android 3.0 специјално развиен за употреба на таблетите. Се очекува да се појави на пазарот во почеток на летово, за кога се најавени веќе неколку производители со слични модели...
Microsoft наскоро со Windows 8 наменет за таблети Windows 8 е новиот оперативен систем на кој забрзано работи Microsoft, а кој ќе биде наменет за Таблет компјутерите со екран на допир. Во голема мера ке се подпира на онлајн (cloud) сервисите и ке има сличен изглед со Windows Phone 7 и неговите ротирачки плочки. Друга новост е што ќе биде доста насочен кон игрите за што веќе се преговара со nVidia околу 3D подршката. Истотака се разработува и пазарот со апликации за новиот систем на што работат повеќето произведуваши на игри и програми. Првите системи се очекуваат во првиот квартал на 2012, за што потврда имаше пред некој ден со истечената информација со нови производи планирани од Dell...
Lenovo ги представени новите подобрени ThinkPad T,L,W лаптопи Lenovo ја представи својата обновена линија на продукти Thinkpad (ex. IBM Thinkpad) со поделба во групи по наставката T(оптимални), L(професионални) и W(работни станици). Покрај низата на подобрувања новите Thinkpad лаптопи ќе нудат процесори од новата гама Intel i-Core(2011), забрзано подигање на системот, подобар квалитет при VOIP, подолго користење на батерија (дури до 30 часа !!!), потивко ладење и работа со тастатурата.Кратките спецификации се следниве:
HP WebOS представени нови таблет и мобилни телефони
Hewlett Packard (HP) ја представи својата нова линија на продукти базирани на сопствениот WebOS оперативен систем. За почеток тоа се таблет наречен HP TouchPad, професионален паметен мобилен телефон со голем екран и механичка тастатура на извлекување наречен HP Pre 3 и друштвен паметен телефон со помал екран и иста тастатура HP Veer. Нивната продажба ќе одпочне од летово, а производите ќе почнат да се испраќаат наскоро за тестирање до сите дистрибутери. Кратките спецификации се следниве:
Canon 600D/1100D најновите DSLR фотоапрати и објективи...
Canon ги представи новите подобрени DSLR фотоапарати од почетна класа EOS 600D и неговата ослабена варијанта 1100D. Карактеристики вредни за напомена се 18Mpix сензор, Full-HD 1080p видео снимање, 3`LCD екран со можност за промена на аголот на гледање, Wireless контрола на екстерен блиц, кратки упатства на самиот екран при користење на функциите во менито. Ослабениот 1100D има 12Mpix сензор, 720p HD видео, 2,7`LCD фиксен екран. Исто така представен е нов објектив за почетна KIT варијанта, EF-S 18-55mm f/3.5-5.6 IS II со подобрени алгоритми против поместување и вибрација со што се добива далеку подобра и попрецизна фотографија, како и нови блицови со далинкса контрола. Очекувајте ги околу половината на Март во нашата интернет продавница. За повеќе информации кликнете на Canon логото на почетокот на оваа вест или кликнете на сликите и видео презентацијата подоле